
43-годишник вчера пријавил врсничко насилство кое се случило во двор од основно училиште кај Бит Пазар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријавил дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.