Драги жени, не сте нивни мајки, ниту психолози – не можете да го средите животот на другите

Постои тенка линија меѓу тоа да се биде грижлив партнер кој е секогаш тука за љубов и поддршка и да се биде тука само кога другата личност има проблем.

Не сте нивни мајки, ниту пак психолози за да ги решите сите нивни проблеми. Не треба да земете столче за да седнете и ги запишувате сите проблеми со кои се соочуваат, ниту пак да ги засукате ракавите и да средувате по дома и да им го средувате животот. Постојат други луѓе за тоа, а вие не сте тоа. И вие треба да бидете слушнати и ценети, и вие имате свои потреби.

Не се инвестирајте премногу во решавање на неговите проблеми. Никогаш нема да бидете 100% успешни во тоа. Вашата улога е да го сакате, цените, да му давате љубов и поддршка, но не и да го средувате неговиот живот. Не ги запоставувајте своите потреби и своето ментално здравје, само поради тоа што мислите дека треба да се грижите за друга личност.

Поставете очекувања, но и граници. Сакајте до небо, но не заборавајте на себе.