Драга жено, ајде крени глава горе и насмевни се!

Драга жено,

Застани за миг и вдиши длабоко. Смири се. Ништо нема да побегне. 

Сврти се околу себе и почни да слушаш. Далку од вревата, слушни го тоа во себе. Слушни си ги отчукувањата на срцето. Дали воопшто дишеш или само земаш кратки воздишки? Земи момент за себе, затоа што кога ќе си дадеш еден миг оддишка на себе, не им одземаш ништо на децата, напротив, им даваш уште повеќе. 

Освести го своето битие. Во која положба си сега? Се криеш од децата на кратка пуш-пауза или скриено читаш извадок од книга која никако не успеваш да ја прочиташ до крај? Се смееш ли сега? 

Секогаш ќе има некакви драми и хаос, но сѐ е полесно со насмевка на лице. Кога лицето ти се смее, ти му даваш порака на својот ум дека сѐ е во ред и дека си среќна. Кога ќе прифатиш дека сѐ е онака како што треба да биде, ќе ти биде полесно да се насмееш и искрено ќе бидеш благодарна за секој момент што го проживеала. 

Насмевни се и слушни како животот е убав. Кога ти е најтешко, застани и сети се на себеси. Наполни ги батериите со нешто што ти сакаш да правиш, нешто што ја исполнува длабочината на твоето битие. Земи ги децата и мажот и поминете го денот во природа. Природата и свежиот воздух ќе ги опушти децата, а и тебе, ако си го дозволиш тоа. Природата го смирува духот, умот и телото, кои инаку постојано се немирни. Вистински се поврзуваме со природата и се потсетуваме на длабочините кои живеат во нас. Оние скриени работи кои ги чуваме далеку од сите.

Дозволи си себеси да имаш такви моменти. Дозволи си да бидеш и жена, а не само мајка. 

Потсети се која си, што си сонувала и што сега сонуваш. 

Сакаш нешто друго? Што те спречува да го оствариш тоа?

Можеби ти си сопствената најголема пречка?

Најлошо е кога самите си создаваме пречки и кога самите на себе сме си пречки.

Ајде, главата горе и насмевни се, драга жено!