Драга моја идна љубов, верувај дека сигурно ќе се сретнеме

 

Ако сè уште не сте ја сретнале сродната душа, ова е писмо за вас. Еве кога ќе ја запознаете вистинската љубов...

Драга идна љубов на мојот живот! Знам дека требаше порано да ти го напишам ова писмо. Како и да е, верувам дека постоиш. Можеби ми се чини дека си многу далеку. Можеби мислиш дека никогаш нема да ме сретнеш. Верувај ми дека не е така. Поблиску сум отколку што мислиш. Би можела да ме сретнеш на улица. Можеби сме се разминале. Можеби веќе сме се сретнале. Можеби сè уште не сме се запознале, но нашите души се препознаваат. Можеби за тебе сум мистериозен странец, можеби веќе сум те запознал, но не знам како да го отворам срцето и да дозволам да ме допрат чувствата. 

И натаму верувам во тебе, но изгледа не е дојдено времето да се запознаеме. Знам кое прашање си го поставуваш. Сакаш да знаеш зошто не сме се запознале. Зошто мораме да чекаме, да влегуваме во погрешни врски, да се соочуваме со разочарувања и лоши врски. Зошто доживуваме болка, а знаеме дека постоиме и дека сме создадени да бидеме заедно.

Ова се дел од причините зошто не сме се запознале:

  1. Сè уште не сме развиле здрава љубов кон себеси. Дури кога ќе го сториме тоа, срцата ќе ни се привлечат. 

  2. Моментално сум во врска која не ја прекинуваме, иако знам дека тоа не е личноста за мене. 

  3. Сè уште не сме подготвени за вистинска љубов. Не сум подготвен за безусловна љубов.

  4. Се фокусирам само на негативното, затоа не ми влегло во живот она што е убаво и позитивно.

  5. И натаму верувам дека во врска мора да има драма. 

  6. Намерно не го слушам она што ми го зборува срцето. Се потпирам само на умот. 

  7. И натаму чувствувам потреба само да излегувам на состаноци. 

  8. Сè уште немам научено да ги ценам луѓето онака како што го заслужуваат тоа.

  9. Моментално сум премногу фокусиран на себе. Размислувам само за она што сакам да го постигнам

  10. Не знам како да ги изразам сите чувства што ги имам. 

Морам да работам на себе. Сè уште не знам ни кој сум. Се барам себеси. Дури и да сме имале можност да се запознаеме, не би ти се допаднал. Сосема сум уверен во тоа. Да бидеме трпеливи. Секој ден одиме чекор кон целта. Верувај во тоа. Не губам време. Не губам време размислувајќи за тоа каде сум и зошто уште не сме заедно. Важно е да продолжиме да живееме со полни гради. Правете го она што го сакате. За да ја сподели среќата, човек мора да биде и сам среќен. Кога ќе се сретнеме, можеме да учиме едни од други и да се направиме среќни еден со друг, затоа што секој од нас ќе има што да даде. Знам дека не очекуваше дека ќе мораш толку долго да ме чекаш. И јас не го очекував тоа. Сепак, продолжувам. Не се откажувам. Постојам. Кога еднаш ќе те пронајдам, никогаш повторно нема да те изгубам. Верувај дека сигурно ќе се сретнеме. 

Срдечен поздрав од љубовта која сè уште не ти тропнала на прагот.