Драга Короно, те мразам!

(Не)Драг КОВИД-19,

Оди по ѓаволите! Те мразам.

Посакувам никогаш да не се појавеше. Би сакала да можам да побегнам од оваа грда реалност во која моментално живееме, затоа што бројот на заболени цело време стабилно си се одржува. Заради тебе сум исплашена, повредена, изгубена, анксиозна и преплавена со негативни чувства. Времето проаѓа бавно, но затоа понекогаш имам проблем да се сетам што сум правела претходната седмица. Често ги минувам деновите под туш, само за да ја почувствувам водата која ме смирува и загрева.

На мојот кауч има вдлабнатини поради тоа што секој ден седам на истото место, додека се прашувам каква е мојата продуктивност и дали треба да правам нешто. Живеам за денот кога повторно ќе се чувствувам жива. Има денови кога се чувствувам така осамено. Секој ден, секое утро, моите очи се преплавени со солзи додека се подготвувам за денот.

Но, одвреме-навреме издвојувам по некој ден, ден резервиран за моето ментално здравје. Ден кој не сакам никогаш да заврши, затоа што се плашам дека утре пак сѐ ќе се преврти наопаку. Само сакам повторно да се чувствувам добро.

Можеби и вие се чувствувате како мене, а можеби и не. Како и да е, секој од нас ги пронаоѓа патиштата кои делуваат врз нас. Те гледам .Те слушам. И јас сакам сѐ ова да заврши.

Но, засега, ве молам, држете се за оние добри денови, затоа што знам дека секогаш е полесно да се сетиме на оние лошите. Бидете нежни и добри кон себеси. Имајте сочувство кон себеси.

Ќе го издржиме сето ова!