Драга ќерко, немој да бидеш совршена

Драго мое дете,

Не сакам да бидеш совршена. Луѓето ќе речат дека си совршена кога мирно седиш и не мрдаш. Кога ќе ги добиеш сите петки или кога ќе победиш на некој натпревар. Кога ќе ги исполниш сите нивни очекувања. 

Но, ти не си совршена. 

Ме читаш? Ти НЕ СИ совршена. И никогаш нема ни да очекувам да бидеш. Важно е да го знаеш тоа, затоа што најверојатно тоа во некој период ќе се очекува од тебе. Но, не е така. Важно е да го знаеш тоа, затоа што ќе грешиш. Да, баш ТИ! Ќе грешиш. И малку и многу. А кога ќе грешиш, ако мислиш дека само совршенството е опција, тоа ќе те скрши. Ќе се затвориш во себе и ќе се сокриеш и ќе тонеш во срам. Ќе се смалуваш сама себе од страв или уште повеќе ќе се трудиш да дофатиш нешто недостижно.

Ќе почнеш да веруваш вредиш само ако достигнеш совршенство. И тоа ќе те следи каде и да одиш. Заради тоа секогаш ќе сакаш да имаш контрола, а анксиозноста ќе управува со секоја твоја мисла. Ќе те зароби во непрекинат круг на желба да ги задоволиш другите луѓе и чувството дека не си доволно добра. А тоа никако не ти го посакувам. НИКОГАШ. Толку е лесно да паднеш во стапица и да поверуваш дека само ако си совршена вредиш. Но, не е така. Апсолутно не е. Ти имаш преголема вредност, самата по себе.

Ти си бестрашна и прекрасна. Има толку многу грациозност во тебе. Не сакам да поминеш ниту еден миг од твојот драгоцен живот трчајќи по некое недофатливо совршенство. 

Поминувај го твоето време барајќи духовност. Да.

Поминувај го во потрага по твоите страсти и таленти. Да. 

Поминувај го во остварување на твоите соништа, ризикувајќи и излегувајќи од твојата зона на удобност. Да.

Поминувај го учејќи од твоите грешки и животни лекции. Да.

Но, те молам, никогаш немој да помислиш дека совршенството е цел. Затоа што заради тоа никогаш нема да ризикуваш пораз, а некои патишта не можеш да ги започнеш ако не си подготвена на тоа. Заради тоа нема да сакаш никој друг, затоа што упорно ќе ги гледаш само нивните несовршености.

Поради тоа нема да се сакаш ни себеси.

Биди бестрашна. Биди нежна. Биди грижлива. Биди храбра. Но, те молам, немој да бидеш совршена. 

Те сака, 

Мама