Драга ќерко, кога ќе размислуваш за бракот, размислувај за ова...

 

Џулијан Бенфилд е сопруга на војник, мајка на три деца, од кое едното има Даунов синдром. На својот блог таа пишува за верата, бракот и родителството. Ова е кратко, но прекрасно писмо кое го напишала за својата ќерка, но воедно сите мајки го посакуваат ова за своите ќеркички.

Драго мое девојче,

Кога зборуваме за бракот, често користиме изрази како „си живееја среќно до крајот на живот“. Но, животот не е секогаш само среќа. Има многу моменти кога изгледаат како мирна, чиста вода милувана од сонцето. И како мајка, ти посакувам што е можно повеќе такви денови.

Но, вистината е дека никој не го напушта овој свет, а претходно да не пловел низ немирни мориња.

Кога ќе размислуваш за бракот, се надевам дека ќе избереш некој кој твоите среќни денови ќе ги направи уште посреќни, но се надевам дека тоа ќе биде некој со кого заедно ќе можеш да страдаш, во периодите кога ќе има такви денови.

Се надевам дека ќе најдеш некој кој ќе биде подготвен да направи сѐ за тебе, а и ти за него. Се надевам дека ќе најдеш некој кој ќе те става на прво место, а ти него ќе го ставаш на прво место. Се надевам дека ќе го пронајдеш оној кој ќе се труди да ги спознае твоите соништа, а ти за возврат, неговите.

А ако ја пронајдеш таа личност, драго мое девојче, се надевам дека ќе те сака толку искрено и толку силно, што ќе може да сфати дека те повредил кога ќе го направи тоа. И дека заедно ќе наоѓате утеха во тешки времиња.

Мила моја, се надевам дека животот повеќе ќе ти личи на бајки кои ги читаме пред спиење, но бидејќи животот не е секогаш таков, се надевам дека ќе најдеш некој кој безусловно ќе те сака, баш како и ти него, дека ќе можете да се држите за раце и дека ќе бидете еден покрај друг дури и кога ќе делува дека сѐ останато се распаѓа и се руши.

Со љубов,

Мама