Драга идна јас...

Драга идна јас,

Се надевам дека сѐ уште веруваш во одлуките кои ги донесе пред неколку години.

Се надевам дека го сакаш животот за кој толку многу се трудеше.

Се надевам дека сите жртви кои ги направи, сите тешки патишта по нкои мораше да одиш, те однесоа до прекрасни места и сега уживаш во погледот.

Се надевам дека конечно го најде својот мир и дека сите рани се сега залечени.

Се надевам дека луѓето кои те повредија повеќе не владеат со твојот ум.

Се надевам дека твојот живот е полн со љубов и позитивност и дека нема простор за ништо помалку.

Се надевам дека насмевката сега е постојан сопатник и дека не го напушта твоето лице.

Се надевам дека конечно научи да се сакаш себеси.

Се надевам дека го живееш животот со полни гради и се надевам дека го најде сѐ она што сакаше да го најдеш!

И се надевам дека си попаметна од оваа девојка која сега ти пишува.

Те сака,

Јас од минатото