Драчево во шок по грозоморното убиство: Момчето било пуштено од Бардовци, соседите сведочат (видео)

Нови детали за грозоморното и незапаметено убиство во Драчево, каде внук ја закла баба си. Дваесетгодишно момче со нож ја усмрти баба си,и ја отсекло главата, па само се пријави во полиција, по што доби 30-дневен притвор.

Соседите шокирани, велат не очекувале дека некогаш, мирното и повлечено момче од крајот на улицата, би можело да стане убиец, но, се сомневаат дека користело наркотици, а коментираат дека постои можност да било дел од секта, пренесе Aлфа.

Според извори на Алфа, дваесетгодишното момче неколку пати престојувало во психијатриската болница во Бардовци.