Драчево ќе добие современ рекреативен спортски центар

На местото на некогашната депонија во Драчево ќе никне модерен спортско-рекреативен центар.

Новиот спортски рекреативен центар на 7500m2 во месноста викана Оксиген во Драчево, ќе го носи името на загинатиот бранител Теодор Стојановски-Тоше и ќе ја збогати рекреативната содржина на општината и обемот на зелените површини во градот.

-Како достојно место за одмор и рекреативно спортување, новиот простор ќе нуди бројни содржини распоредени на околу 7500 квадратни метри. Детското катче, пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување ќе го направат ова место привлечно за сите. Спортскот дух пак, ќе може да се развива на новите современи спортските игралишта за фудбал, за баскет кои ќе бидат осветлени, а поставуваме и фитнес справи, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој денеска изврши увид заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

- И финално, овој комплекс кој очекуваме да биде новото збирно место за сите наши жители, но најмногу на оние кои живеат во околината, односно во Драчево, се одлучивме тој да носи и ново име и тоа да биде името на загинатиот бранител од втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, кој потекнува токму од Драчево и е на иницијатива на неговото почитувано семејство и писмено барање од нашиот сограѓанин Деан Соколовски на кого му се заблагодарувам, додаде тој.