Драчевец со остар предмет замавнал кон сопругата, за среќа не ја погодил

Маж од Драчево со остар предмет замавнал кон сопругата, откако претходно физички на напднал. За среќа не ја погодил. 

- На 25.03.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка и фрлил остар предмет кон неа, но не ја погодил, известија од МВР. 

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе бидат поднесени соодветни пријави.