Дозволете им на луѓето да ви го покажат своето вистинско лице, а потоа пуштете ги да си заминат

Дозволете им на луѓето да ги фрлат своите маски, да го покажат своето вистинско лице, а потоа пуштете ги да си заминат. Така ќе ги видите нивните вистински намери, причини, но и вистинска вредност.

Кога ќе сфатите дека целиот претходен однос бил фарса од нивна страна, почнуваш да се прашуваш зошто си им дал шанса на тие луѓе. Но, треба да сфатиш дека проблемот не е во тебе, тие немаат лице, немаат ниту една позитивна мисла, туку само со корист влегуваат во туѓите животи. Не размислувајте какви сте вие, размислете дека тие не заслужуваат повеќе шанси.

Грижете се само за оние луѓе со кои сте споделиле убави моменти, оние кои споделувале убави зборови и убави дела со вас и чија присутност била позитивна и исцелувачка за вас. Тоа се оние луѓе кои заминуваат, но кои ќе ги чувате во своето срце и паметите целиот живот.

Кога луѓето си одат, не дозволувајте да остават лузна на вашиот живот. Паметете ги оние спомени кои се вредни за паметење, а заборавете на моментите кои ви донеле негативни чувства и каење.

Никогаш не можеме да знаеме кога некоја личност ќе си замине од нашиот живот, но треба да обрнеме внимание на луѓето кои ги имаме до себе. Да ги чуваме блиску, многу блиску до нас, оние кои вредат, кои не сакаат и ценат, а да им дозволиме на другите да го покажат своето вистинско лице и да си заминат. Да не им дозволиме да се свртат назад.

Дајте го најдоброто од себе за добрите луѓе, но и најдоброто од себе да ги пуштите останатите и да не им дозволите да го трошат вашето скапоцено време.

air max 90 essential sale