Доживотен затвор за тројца обвинети во „Монструм“

Во основниот Кривичен суд во тек е објавување на пресудата за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај „Смилковско езеро“.

Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотна казна затвор.

Фејзи Азири кој се огласи за виновен за помагање е осуден на15 години

На Хаки Азири му е одредена 9 години затворска казна.

На обвинетиот Сами Љута му се одбива обвинението.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред празникот Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.