Дождот предизвика хаос во Скопје: Вистинска река на улиците во Пинтија (ВИДЕО)

Невремето и големите врнежи предизвикаа вистински неред во повеќе делови од главниот град а најмногу во Драчевo.

Попладнево, како што беше најавено и од претходно, Скопје го зафати кратко, но силно невреме со обилни врнежи од дожд, проследени со грмотевици.

Невремето и големите врнежи предизвикаа вистински неред во повеќе делови од главниот град а најмногу во Драчево, каде улиците се целосно поплавени, а сообраќајот отежнат.

На социјалните мрежи набргу беа објавени и видеа од дождот кој ги поплави улиците:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on