Дождот повторно направи проблеми во Драмски (видео)

Невремето кое вчера го зафати Скопје предизвика прекин на струјата во Драмскиот театар среде претстава.

Целата публика беше принудена да ја напушти салата и да излезе надвор. Луѓето кои платија билет за да гледаат претстава, стоеа надвор во темница и на дожд.