Дождот направи хаос низ скопските улици. Граѓаните реагираат дека голем дел од сообраќајниците се поплавени и со тоа е отежнато движењето на сообраќајот. Проблем се дупките, лошото нивелирање и канализационите системи во делови од градот.
Најави за дожд има и за денеска.
Еве дел од реакциите на скопјани на социјалната мрежа „X“:
Не ни смета што врне,ни смета што во Ефес имало поквалитетна атмосферска канализација пред петнаесет века отколку сега во Скопје.А може па сме станале премногу размазени зошто во другите градови и тоа го нема.
— SnaaVraništanska(za'atar) (@vranistanska) September 10, 2024
Како мислиш град Скопје не е крив што цели улици се дупки, нема соодветна канализација шахти хаос улиците асфалтирани со лопати а не со ваљак... е сеа ја сум крив што возејки сум улетал у дупка,или собрана вода ( вирче ) и сум те напраил лом од глава до пети....
— The Cable Guy (@N_TheCableGuy) September 10, 2024
Гужвата во Скопје се прави зашто:
1. Со години не направивме функционален јавен превоз.
2. Зашто не возите точак.
3. Зашто сакате децата со кола да ги носите до школо - ако наврнат џанам голема работа.
4. Зашто за дестинација од 1-2 км палите кола.
Не е заради дождот.— FilipNelkovski (@Scaramanga1806) September 10, 2024
Од Ѓорче до Центар денес можете да стигнете со чамец по првата лента на Партизанска. Изгледа град Скопје воведува алтернативен јавен превоз. Браво. Одличен проект.
— Карамба Барамба (@karambabaramba) September 10, 2024
Цело Скопје смрди на канализација
— AshTariA (@Mele_h11) September 9, 2024