Дождот ги смурти лицата на граѓаните и ги наполни амбулантите - хронично болните, старите лица и бремените жени, први на удар

Дождот ги смурти лицата на граѓаните! Депресија и анксиозност поради променливото време!

Пролет во ноември, есен во мај и јуни - ова се најчестите промени во температурите во текот на годината кога се повеќе луѓе страдаат од главоболка, ревматски или кардиоваскуларни заболувања.

Службите на Итната медицинска помош се со полни раце работа, чекалните на амбулантите пак се преполни со пациенти. Ова е сликата која деновиве може да се види низ здравствените ходници.

Променливото време директно влијае и на расположението и здравјето на граѓаните. Хронично болните, старите лица и бремените жени-први на удар-велат лекарите.

Болните најчесто се жалат на нагли промени на крвниот притисок, главоболка, но и ревматски заболувања кај кои временските промени директно влијаат на влошување на состојбата.

“Променливото време делува на луѓето, на нивното психофизичко здравје. Ние сме постојано во интеракција со со околината , делуваме на неа, а таа на нас. Докажано е дека со намалување на сончевите денови се намалува и лачењето на сератонин –хормон на доброто расположение што доведува до намалување на расположението, а кај луѓе кои се особено склони на промени во расположението и до симптоми на депресија. Временските промени водат до засилување на тешкотиите кај ревматичните болести, разни дегенеративни промени на апаратот за движење, влошување на хроничниоте болести што пак доведува повторно до промени во расположението и намалување на доброто чувство” - вели психологот и психотерапевт.