Дождот ги открива последиците: Кој ја загрозува стабилноста на куќите на Водно?

Соседите на Водно каде се појави свлечиште, си ја префрлуваат вината, додека се чека извештајот на ИЗИИС.Извештајот на институтот за сеизмолошки испитувања треба да го даде решението за надминување на деценискиот проблем на Скопско Водно.

Градежниот инспекторат на општина Центар замрзна натамошно градење околу угостителскиот објект. Додека се чекаат анализите кој ја загрозува стабилноста на околните куќи, пред камерата на Kанал 5 - соседите си ја префрлуваат вината еден на друг. Спас од поткопаниот рид гледаат во изградба на потпорен ѕид.

Дождот дополнително ја усложнува ситуацијата.Додека надлежните утврдат како ќе се справуваат со деценискиот проблем, нов одрон ја загрозува безбедноста на жителите на улица Партниј Зографски, велат за Kанал 5.

Административните лавиринти и градежната експанзија на планината, од ден на ден го зголемуваат стравот на жителите на Водно. Извештајот на надлежните треба да го даде одговорот кој ќе го гради спасоносниот потпорен ѕид.