Дождлив и студен ноември, кога да го очекуваме првиот снег?

Остануваат уште два месеци до крајот на годината. Светските метеоролошки сервиси најавуваат дождлив ноември, а првиот снег ќе падне во декември.

Какво ќе биде времето во ноември?

Првата седмица од ноември ќе донесе стабилно и сончево време и дневни температури кои ќе достигнат и до 20 степени. Во текот на втората седмица од следниот месец ќе започне постепената дестабилизација на времето и пад на температурите.

Втората половина од ноември ќе биде дождлива, дневните температури ќе се движат до 13 степени, а утрински ќе паднат и под нулата.

Крајот на ноември ќе донесе облачно и ладно време.

Според метеролозите: Декември ќе го донесе првиот снег

Облачното и нестабилно време ќе се задржи и во текот на декември.

Крајот на првата половина од месецот ќе донесе ладно време, ниски утрински и дневни температури. Светските метеоролози прогнозираат услови за снег.

Втората половина од декември ќе биде ладна и дождлива, со утрински и дневни температури над нулата. Новогодишната ноќ, како вообичаено ќе биде топла, но врнежлива.