Дожд во котлините и снег на планините

Времето денеска и утре во земјава ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и во југоисточните делови. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 3 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а во петок кон крајот на
денот. Во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините од снег.