Дожд и северен ветер - Какво време ќе имаме денеска?

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа).

Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Според прогнозата на УХРМ утре ќе има локални врнежи од дожд кои ќе се намалуваат во попладневните часови.

До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.