Доволно беше само татко ми да ме погледне, знаев што сака да ми каже - ако имав лоша оценка јас самиот бев виновен, а не наставничката

Дали се сеќавате на времето кога старите беа авторитетни? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие цврсти граници. Беше доволен погледот на татко ми, за да ми стане веднаш јасно, дека правам грешка и дека тој е лут.

Наставнците, во училиштето кога ќе влезеа во училница на час, се почитуваа со станување и до “Добар ден” и на крај со “Догледање”, а сите носевме училишна кецела.

Родителите беа ред и закон. Бабите и дедовците ги слушавме, бидејќи тоа се очекуваше од нас и на никого тоа не му претставуваше проблем. Ако не си добар во училиштето, е тогаш нема што да се зборува. Нема излегување надвор, нема велосипед, нема џепарец, а среќен си ако не добиеш и по некој шамар, кога ќе се вратат од родителски. Зборот на родителот е последен. Ако после него кажаш макар и само “Добро”, е тешко тебе...

Се знаеше ред во се, а децата тогаш се прифаќаа како цврсто поставена граница, кој не смее да се помине. Не сакам боранија за ручек? Ќе ја јадеш за вечера. Не ја сакаш ни за вечера? Истата таа боранија те чека за појадок.

Има ли нешто благо? Има, јаболки. А нешто друго? Има, јајце со шеќер или изрендана јаболка со шеќер... Има уште пет дена до пензија, тогаш ќе има сладолед.

Награди за одличен успех беа скромни, а ние бескрајно им се радувавме. Го пметам првиот вокмен и првите старки.

Не можам да разберам што се смени во меѓувреме во врска со воспитување на децата и системот на надоградување. Децата денеска имаат многу нешто, и на ништо посебно не се радуваат. Мрзлувоста денеска се третира со “па таков е што да му правам”.

Што се случи со детските игри? Криенка, ластика? А, да интернетот стигна. Парковите и дворовите се сменија за социјални мрежи и тоа преку ноќ, а ние тоа го прифативме, поздравивме и се приклучивме...

Како да стана тренд да не постојат граници за вреднување. Некогаш стојам и ги набњудувам денешните родители по парковите и знаете жал ми е. Гледам дека се исфрустрирани, не можам да го совладаат сопственото дете од три години. Со чинија во раце го маваат по паркот за да јаде, бидејќи тоа така сака.

Ех, јас нив ги родив, а не тие мене. Постои место и време за јадење, спиење, играње и тука нема компромис. Не е работа, родителот да му биде роб на детето, туку од него да изразне едно вистинско суштество, еден зрел човек.