Достоевски: Тешко на оној кој ќе навреди едно детенце

Често во нас се раѓа недоумица, па се прашуваме: дали со сила треба да победуваме или да сакаме смирено.

Секогаш одлучувај вака: Сакај смирено и посветено. Ако донесеш таква одлука, целиот свет може да си се покори. Смирената љубов е голема сила, најсилна од сите, не постои ништо еднакво на неа. Секој ден и час, секој момент, сакај смирено.

Ете, поминуваш покрај едно мало дете, минуваш налутен и со лоши зборови. Можеби не го забележуваш малото ангелче, но тоа те гледа тебе. Ти не знаеш, но тоа успева да види во твојата душа.

Не се плашете од човечките гревови, сакајте го човекот и неговиот грев, бидејќи оној кој го сака грешниот човек, тој е слика на Боженствената љубов и врв на љубовта на земјата. Сакате сите божји суштества со сета љубов која ја имате. Сакајте го секој лик, секој сончев зрак.Сакајте ги животните, билките, сè што постои. Така, во Божјата тајна ќе ги разберете сите работи.

Сакајте ги животните, бидејќи Бог им дал мала мисла и тивка радост. Не ги мачете, не им ја одземајте радоста, не противете се на Божјата мисла. Не се занесувајте дека сте подобри од животните, тие се безгрешни, а луѓето со својата голема одат по земјата, правејќи раздор каде и да се појават.

Децата сакајте ги особено, бидејќи тие се безгрешни како ангели. Тие живеат за чистење на нашите срца, тие се како наш патоказ. Тешко на оној кој ќе повреди едно дете.