Достоевски: Како се победува во животот?

„Понекогаш остануваш во недоумица, особено гледајќи го човечкиот грев, па се запрашуваш: „Дали треба со сила да се победува или со смирена љубов?“

Секогаш одлучувај вака: „Ќе победам со смирена љубов“.

Ако еднаш засекогаш се одлучиш на ова, ќе можеш да го покориш целиот свет.

Смирената љубов е голема сила, најјака од сите – ѝ нема рамна на овој свет! Секој ден и час, секој момент гледај се себеси за изгледот да ти биде благо убав.

Ете, пројде покрај мало дете, помина така целиот лут, со грди зборови, со ранета душа. И можеби не го ни забележа тоа дете, но тоа дете те забележало тебе. И твојот лик, неубав и зол, можеби останал во неговото слабо и незаштитено битие.

Ти тоа не го знаеш, но можеби со тоа веќе си фрлил неубаво семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе порасне, а сѐ затоа што не си се воздржал пред детето, затоа што во себе не си негувал внимателна љубов.

Браќа, не се плашете од човечките гревови, сакајте го човекот и во неговиот греб, затоа што кога некој сака грешен човек, тоа е слика за божествената љубов, а љубовта на земјата е врвот.

Сакајте ги сите Божји суштества и општо, но и поединечно. Сакајте го секој лист, секој Божји здив. Сакајте ги животните, сакајте ги билките, сакајте ја секоја работа. Ако ја сакаш секоја работа што постои, така ќе можеш да ја разбереш тајната на Бог.

А ако еднаш ја сфатиш, после неуморно ќе почнеш да спознаваш и натаму, секојдневно. И конечно ќе го засакаш целиот свет со целосна и универзална љубов.

Сакајте ги животните: Бог им дал грст мисли и тивка радост. Не им ја нарушувајте, не ги мачете, не им ја одземајте радоста, не им се противете да на Божјите мисли.

Човеку, не се занесувај, не мисли дека си подобар од животните: тие се безгрешни, а ти, со својата величественост, ти само ја загадуваш земјата со својата појава, зад себе оставаш траг нечистотија. И тоа го прави речиси секој, речиси секој меѓу нас!

Особено сакајте ги децата, затоа што тие се безгрешни како ангели и живеат за да нѐ разнежнат и да нѐ усреќат. Тие живеат за да ги исчистат нашите души, тие се еден вид патоказ за нас. Тешко на оној кој ќе навреди дете...“

Фјодор Достоевски

nike air max 1 sale