Достоевски: Да се сакаат луѓето такви какви што се – тоа е невозможно, а сепак мораме да го правиме тоа!

Да се сакаат луѓето такви какви што се, тоа е невозможно.

А сепак мора да се прави тоа.

И затоа, кога им правиш добро, стегни го срцето, затни го носот и затвори ги очите (ова последново е неопходно).

Поднеси го злото од нив, не им се лути ако можеш, сети се дека и ти си човек.

Секако дека мораш да бидеш строг со нив, ако ти е дадено да бидеш попаметен од просекот.

Луѓето по природа се ниски и се подготвени да сакаат од страв, не и се предавај на таквата љубов и не престанугвај да презираш.

Научи луѓето да ги презираш дури и кога се добри, затоа што тогаш се нај’рѓави.

Кој не е глупав, тој не може да живее а да не се презира себеси, без оглед на тоа дали бил чесен или не, сеедно.

Да го љубиш ближниот свој, а да не го презираш – тоа е невозможно.

И љубовта кон човештвото треба да се сфати единствено како љубов кон она човештво кое самиот си го создал во својата душа. Со други зборови, самиот си се створил себеси, како и љубовта кон самиот себе и кога тоа никогаш нема ни да се случи во реалност.

Фјодор Достоевски