Доставувач на храна настрада во сообраќајка, попладнево во Карпош

Сообраќајна незгода во која едно лице е повредено се случи попладнево во скопската населба Карпош, во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Во неа учествувале патничко моторно возило марка „Голф“ и мотоцикл. 

Очевидци за Скопје Инфо сведочат дека во несреќата интервенирала итната помош и едно лице е повредено. 

Полицијата во моментов во обезбедува местото на несреќата, а повеќе информации од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на утрешниот ден.