
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изјави дека тагови за патарини ќе може да се купуваат од повеќе места, а не како досега, само од патарините.
„Работиме многу на патарините, кои се важен фактор. Веќе заврши повикот, во фаза сме на потпишување на договори, за да се зголеми проточноста на патарините. Од сегашните 40.000 тагови кои може да се купат само на патарините и во Јавното претпријатие, ќе биде една мрежа од 200 до 500 места кои можат да се купат. Очекуваме бројот на тагови да се зголеми од 40.000 на 200.000, што ќе овозможи подобро функционирање на патарините“, рече Трајановски.