Доста ни ги труете децата - Нов протест се одржа вчера во Ѓорче (фото)

Граѓаните на населба Даме Груев и околните населени места вчера излегоа на мирен протест против аерозагадувањето во општина Ѓорче Петров. Тие се кренаа против незаинтерисаноста на локалните власти за расчистување на најголемиот загадувач, депонијата во Ново Село.

Ѓорче без депонии, Каде ќе ви оди душата и Доста ни ги труете децата беа само дел од истакнатите пароли.

Жителите обвинуваат дека камиони нелегално, а со дозвола од надлежните, секојдневно носат секаков вид отпад и го потпалуваат, па смрдеата се шири и низ општините во околината. Ѓубрето се влева и во коритото на реката Лепенец, од која Скопје црпи и питка вода, па стравуваат од зарази и епидемии.