Доста е!

 

Премолчи му на докторот, ќе ти треба.
Премолчи му на газдата, додека не најдеш друга работа.
Премолчи му на таксистот, нервозен е.
Премолчи ѝ на мајка ти, за да не се грижи.
Премолчи му на сопругот или сопругата, заради мир во куќата.
Премолчи му на детето, бидејќи проаѓа низ тежок период.
Премолчи му на пријателот, зборувај за цвеќињата и пролетта.
Премолчи им на роднините, никој не ја сака туѓата болка.
Премолчи им на сметководителите, работи за мала плата.
Премолчи им на соседите, тука се во близина, да не прават проблеми.
Премолчи му на мајсторот, да не зафркне нешто.
Премолчи за проблемите, сите ги имаат.
Премолчи и премолчи ја ја вистината, луѓето повеќе ја сакаат лагата.
Премолчи и не спуштај се на нивно ниво.
Молчи и не барај правда, правдата не постои.
Молчи и прави се дека не гледаш што пензионери пребаруваат по кантите, важно е тоа што ти имаш.
Молчи и за тоа што нема цитостатици, важно е тоа што ти си здрав.
Молчи и за тоа што ги трујат кучињата, тоа секако се џукели.
Премолчи си и за фактот што го пресекоа речиси секое дрво.
Молчи си и за фактот што ги скротуваат реките и нѐ оставаат без вода.
Премолчи го фактот што сите го фрлаат ѓубрето насекаде околу себе.
Молчи и за тоа што ги купуваат дипломите.
Молчи и за тоа што пијани будали седнуваат зад волат.
Молчи и за тоа што се затвораат народни кујни, а се отвораат трговски центри.
Молчи, трпи, ќе пројде. Времето е минливо.  
Молчи, затоа што молчењето е злато.
Кој тебе со камен, ти него со леб.
Не го кажувај своето мислење, ќе мислат дека си арогантен.
Ќе испаднеш будала.
Ќе навредиш некого.
Молчи и голтај.
Молчи и трпи.
Мислиш дека на некој му е гајле?
Молчи, затоа што никој не е виновен затоа што ти гледаш сѐ.
И другите гледаат, ама си молчат, затоа што кога молчат не знаеш какви сплетки прават.
Молчи и наведнувај се, наместо да се исправиш.
Молчи и живеј го наметнатиот живот, наместо својот.
Молчи и дозволи им да направат будала од паметен човек.
Молчи и прави непотребни постапки заради мир, среќа, љубов.
Молчи и биди кукавица.
Голтај апчиња, ама молчи, затоа што полесно е да се откажеш отколку дастанеш и еднаш засекогаш да кажеш ДОСТА Е!