Доста беше одмор и за пратениците, по еден месец тие се враќаат на работа

Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.

Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности за утре, а се очекува дека по одморот Собранието ќе продолжи да расправа со веќе започнати седници, а за на 13 септември е најавена првата нова редовна седница по одморот.