
Полицајците дошле да го приведат татко му, а малолетникот ги нападнат со тврд предмет полицајците. Инцидент во скопска Шутка.
- На 24.10.2025 во 15:15 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.С.(43) и неговиот 16-годишен син, двајцата од Скопје. При преземање мерки за приведување на К.С. по телеграма од Полициската станица Кисела Вода, малолетникот со тврд предмет ги нападнал полициските службеници, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.