Досега 50 пријавени за скокање по крстот на Богојавленије Водици

Педесет граѓани, сите мажи, до овој момент се пријавени за учество на традиционалното скокање по крстот, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици.

Оваа бројка се однесува на централната манифестација, на реката Вардар во Центар, а пријавувањето трае до утре до 19.00 часот.

Секако дека освен на Вардара традицијата се негува и во неколку други скопски општини, како Ѓорче Петров, на пример. Таму победникот доива лап топ за награда. Лап топ од општина Ѓорче Петров ќе добие и верникот кој прв ќе го фати крстот во водите на Вардар, кај железничкиот мост во Хром, каде што веќе неколку години општините Карпош и Ѓорче Петров заеднички ја организираат манифестацијата.

Додека, општина Карпош манифестацијата ќе ја поддржи со општинакста екипа за спасување, а на верникот кој прв ќе го фати крстот ќе му подари 40 000 денари.

Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден.

Манифестацијата ќе започне во 12 часот, а сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден.
Во општина Петровец, во 12 часот ќе бидат осветени водите на реката Пчиња.