Досега 2.126 починати лица од коронавирусот

Од коронавирус досега починаа 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеи, во која првпат се појави вирусот, заболени се уште 349 луѓе, што е најмал број во текот на еден ден.

Сепак, експертите наведуваат дека тоа веројатно е поради најновите насоки на кинеската Влада, според кои веќе нема да се регистрираат клинички дијагностицираните пациенти, туку само лабораториските, а останатите ќе се сметаат за сомнителни случаи.

На крузерот „Дајмонд принцес“, кој е закотвен во Јапонија, двајца патници починаа од ковид-19. Станува збор за лица на возраст од околу 80 години, но не е соопштен нивниот идентитет.

На овој брод се откриени вкупно 624 случаи на коронавирус, а здравите патници по 14-дневниот карантин се пуштени дома.