Досега 1.069 деца примиле МРП вакцина

Во текот на денешниот ден, до 13 часот вакцинирани се 11 деца со МРП вакцина. Досега вакцинирани се 1.069 деца. До овој момент, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството потсетуваат дека децата кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ утре ќе работат од 7:30 до 13 часот.

cheap nike free run 5.0