Државното училиште за рехабилитација деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје, започна кампања под мотото ,,Донирајте стара хартија - за нова Брајова книга,,.
-Целта на акцијата е да собереме стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да ја рециклираме и да добиеме нова хартија која ќе ја употребиме за изготвување на учебници на Брајово писмо.Се надеваме дека ќе ни се приклучите во акцијата!, велат надлежните од училиштето.
За достава или преземање на хартијата контактирајте на фејсбук.