Донирај ја својата коса и стани нечиј херој – акција за децата болни од рак

„И вистинските херои носат перика“, велат од Здружението САНО повикувајќи ги граѓаните да се приклучат во нивниот проект за донирање коса за децата болни од рак.

За нечија коса да биде дел од перика треба да биде подолга од 20 сантиметри и да биде природна, нефарбана.

„Доколку имате желба вашата коса да се биде дел од периката изработена за некое од дечињата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Детската клиника во Скопје – контактирајте нé“, стои во повикот.

Ова е прв ваков проект што го започнуваат и за да се вклучат граѓаните, потребно е онлајн да се регистрираат на следниот ЛИНК, каде ќе остават свои податоци.

„Донирај коса и стани нечиј херој!“, повикуваат од САНО.