Донирај го својот стар компјутер!

Општината Бутел почнува акција „Донирај го својот стар компјутер“.

Оттаму апелираат доколку некој има дома, или во канцеларија компјутер кој веќе не го користи може да го донира во Општина Бутел, бидејќи некому би му овозможил полесна комуникација и учење на наставното градиво.

-Да бидеме хумани, да си помогнеме во корона кризата сите заедно!- потенцираат од локалната самоуправа.