Донесен Законот за јазици

Законот за јазици по втор пат изгласан во Собранието, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со 64 гласа законот го помина собранискиот филтер.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат дека ова е неуставно, а во текот на седницата неколку пати побараа изјаснување од Мандатно-имунитетната комисија, а пак претседателот на Комисијата вели дека тие можат да се состават откако седницата ќе биде завршена а ВМРО-ДПМНЕ го побараат преку писмено барање.

Во текот на седницата, пратениците од опозицијата побара две паузи, кои беа одобрени од собранискиот спикер Талат Џафери. На седницата имаше и физички напад од пратеникот Никола Груевски врз претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По изгласување на законот, Груевски се качи повторно на собранискиот пулт каде се наоѓаше претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претходно излагасаниот закон одби да го потпише претседателот Ѓорги Иванов, со чиј потпис требаше законот да биде објавен во Службен весник, а потоа да влезе во сила. Претходно претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ му понуди договор на премиерот Заев да не го гласаат Законот за јазици, а за возврат да добијат поддршка за рефомските закони.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев претходно тврдеше дека законот нема да биде изгласан. Тие не откриваат како ќе постапуваат во натамошниот период, односно дали ќе го блокираат Собранието и реформските закони, а некои од нив не може да се изласаат без нивна поддршка. Законот за јазици беше клучот за составување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. За законот гласаше и Алијанса за Албанците, кои не се дел од власта.

По изгласување на законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги навредуваат колегите од СДСМ нарекувајќи ги „насилници“, притоа не признаваат дека Законот за јазици е изгласан.