Донеле починат човек на Клиника и се обиделе да го однесат сами со свое возило

На 16.06.2021 во 05.54 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на Одделение за токсикологија бил донесен Р.Б.(30) без знаци на живот.

Според пријавеното, веднаш потоа телото го земале членови на семејството и заминале со патничко возило, кое набргу било пронајдено.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.