Домати -  зеленчук кој го продолжува животот

Кога станува збор за антиоксидантите, ликопенот не е толку многу познат, а тој е една од најважните состојки на доматите.

Што е ликопен?

Тој претставува каротеноид кој може да се најде во црвените, розовите и портокаловите овошја и зеленчуци, а особено во доматите. Како и сите каротеноиди, ликопенот е моќна хранлива состојка и антиоксидант кој нуди многу бенефити за нашето здравје. Тој нуди многу бенефити за нашето тело, кожа, очи и срце.

Антиоксидантски својства и долговечност

Поради своите антиоксидантски својства, доматите имаат моќ да ја заштитат нашата крв, и да ја зголемат отпорноста на клетките, а со тоа и штитат од слободните радикали. Сето тоа придонесува за хармонија во нашето тело, а со тоа и долговечност.

Кардиоваскуларно здравје

Многу истражувања покажуваат дека ликопенот во доматите е особено важен за подобрување на добриот холестерол и крвотокот, а освен тоа редовното конзумирање на доматите придонесува и за баланс на крвниот притисок. Тоа значително го подобрува кардиоваскуларното здравје.

Подобра кожа

Веројатно сите знаеме за големата улога која витаминот Ц ја има во заштитата на нашата кожа од слободните радикали, но и во одржувањето на свежината на кожата. Така, исхраната која вклучува домати придонесува кон природно стареење на кожата без негативното влијание на слободните радикали, а со тоа ја спречува и појавата на брчки. 

Здравје на очите

Веројатно сте слушнале дека морковите се добри за здравјето на очите, но бета-каротенот кој го содржат доматите исто така помага како бета-каротенот во морковите.