Домашно топло чоколадо за максимално уживање

Секако дека можете да купите кесички со чоколадо во прав и веднаш да подготвите топло чоколадо, но највкусно е кога подготвувате дома. 

Следниот рецепт ќе ви овозможи да уживате во богато, кремасто топло чоколадо кое се подготвува за кратко време. Еве што ви е потребно:

-Какао во прав
-Млеко 
-Шеќер
-Екстракт од ванила
-Цимет
-Парчиња црно чоколадо

Подготовка:

Прво изматете малку млеко со една и пол, до две лажички какао во прав, на средна температура. Ова помага да се направи паста и да се раствори најголемиот дел од прашокот, кој може да стане грутчест. Додадете малку цимет и шеќер по желба. Додадете ги екстрактот од ванила (ако е течен две капки се доволни), како и неколкуте парчиња црно чоколадо и оставете сето да се стопи и соедини (варете околу 5-7 минути).

Послужете со шлаг или бисквити, по ваша желба.