Кога ноќите се ладни, а е доцна за кафе, тогаш топлото чоколадо е вашиот најдобар пријател.
Состојки:
500 мл млеко
250 гр темно чоколадо
Една лажичка мед
Потпечени лешници и бадеми
Рум
Подготовка:
Во топло млеко ставете го чоколадото, па медот и мешајте да се стопи. Исецкајте една рака бадеми и лешници на покрупни парчиња и ставете ги во млекото.
Кога ќе биде готово, тргнете од оган и ставете рум. Декорирајте со шлаг или со лешници.