Домашно куче повредено со куршум во гради

Д.А. вчера пријавил дека на 29.11.2018 година околу 09 часот во дворот на куќата, на улица „Скупи“ неговото куче од расата „Ротвајлер“ било повредено во пределот на градите од куршуми од пиштол, информираат од МВР.

Кучето било однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром.

Од полицијата истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.