Домашно чили со мелено месо и грав

Се подготвува едноставно и имате ручек готов за помалку од еден час.

Состојки:

500 гр. мелено месо

Две чешниња лук

Една главица кромид

Лажица зачин од луто пиперче

Лажица сушено оригано

Сол

Конзерва црн грав

Конзерва домати

Рендано сирење

Тортиљи

Начин на подготовка:

Загрејте малку маслиново масло во поголема тава, испржете го месото, сецканиот кромид и лук. Исцедете го вишокот маснотии доколку е потребно, а потоа додајте домати, лута пиперка, оригано, сол. Намалете го огинот на ниска температура и варете околу половина час.

Ако сметате дека нема течност, додајте половина чаша вода.

Потоа, додајте грав и гответе уште 10 минути на средна температура. Наросете со рендано сирење одозгора и тортиља чипс.