Домашни варени ѓевречиња

Зошто да купувате кога едноставно може да приготвите супер вкусни домашни варени ѓевречиња на кои ќе ви позавидат и големите мајстори.Домашно си е домашно.

Потребно:

1 кг брашно

1 квасец (растопете го вода)

1 лажиче шеќер

3 лажичиња сол

По потреба

вода за варење (1-1,5л) и сусам за валкање (200-300гр)

Подготовка:

Од брашното, зафатениот квасец, шеќерот, солта и млаката вода замесуваме средно тесто.

Тестото го оставаме да поресне 30 минути.

Тетсотосе дели на 30 (одприлика) топчиња и од секое правиме ѓевречина.

Во тенџере на оган ставаме вода да врие. Во зовриената вода ги ставаме направените ѓевречина. Ги вариме додека не се кренат на површината.

Секое ѓеврече го валкаме во сусам. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење.

Ѓевречината ги печиме на 180 степени 15-20 .

Кога ќе ги извадиме од рерна ги попрскуваме со вода и ги покриваме со крпа.