Состојки:
300 гр. шеќер
2 дл. вода
125 гр. маргарин
500 гр. мелени бисквити
100 гр. мелени кикиритки (не солени)
Фил:
1 дл. млеко
150 гр. шеќер
125 гр. маргарин
200 гр. млеко во прав
100 гр. кокос
Начин на подготовка:
Се вари водата со шеќер, па се додава маргарин, потоа бисквити и кикиритки кои исто така треба да се мелени.
Се става во четвртаст плех, па се спрема филот.
Се вари млеко со шеќер, се додава маргарин и меко во прав со кокос.
Се мати да нема грутки, па се става на смесата во плехот.
Нека се олади, па исечете.
Може да декорирате со кокос.