Домашна пита со суви сливи и чоколадо

Сливи се уште има, но и сувите одлично може да се искористат за десерти.

Тесто:

300 гр брашно
200 гр путер
2 жолчки
1/2 кесичка пециво
100 гр шеќер
500 гр мелени ореви

Фил:

500 гр суви сливи
Кесичка цимет
150 гр црно чоколадо
100 гр ореви
100 гр шеќер

Подготовка:

Изматете ги путерот со шеќерот и жолчките, ставете брашно и прашок за пециво, измешајте, па ставете ги оревите. 

Сувите сливи ставете ги во топла вода да омекнат, потоа исцедете ги, ставете цимет и оставете да отстојат.

Загрејте ја рерната на 200 степени. 

Сливите ставете ги во калап за печење, ставете шеќер, ореви и сецкано чоколадо. Рассуканото тесто ставете го врз смесата од сливи. Печете 20 минути. Колачот превртете го на чинија за сервирање така што тестото ќе биде долу. Можете да ставите рендано чоколадо или шеќер во прав.