Домашна маска за побрз раст и регенерирање на косата

Потребен ви е само квасец за да направите маска за мека и сјајна коса, која нема да се крши. Косата ќе расте побрзо, а ефектите ќе бидат веднаш видливи.

Состојки:

1 лажица мед

20 гр квасец

1 лажица топло млеко

Подготовка:

Соединете ги трите состојки во еден сад и мешајте додека смесата не стане хомогена.

Намачкајте на влажна коса, оставете да делува еден час, па измијте со вода и шампон.

Постапката повторувајте ја еднаш неделно.