Домашна крем-супа од печурки

Температурите паѓаат, па чинија со топла супа е токму она што ни треба на сите, барем еднаш во денот. 

Состојки:

Еден црвен кромид
Три чешниња лук
25 гр целер
50 гр праз (само белиот дел)
Еден морков
Еден компир
800 мл вода
Една коцка пилешка или зеленчукова супа
150 гр брокула
150 гр карфиол
150 гр тиквичка
50 гр грашок
70 гр свежи печурки
Магдонос

Подготовка:

Во загреано масло испржете ги кромидот, лукот и целерот, потоа ставете го празот и морковот. Издинстајте, па потоа ставете го компирот сечен на коцки. Продолжете да динстате додека да омекне зеленчукот. 

Ставете ја водата, а потоа и коцката за супа. Откако ќе проврие ставете го зеленчукот. Додека се вари супата, ставете ги печурките да се пропржат на путер. Кога целиот зеленчук е омекнат ставете ги и печурките. Варете, па изблендирајте со рачен блендер, за да добиете кремаста структура. Оставете да се вари уште неколку минути, па ставете го ситно сецканиот магдонос. 

Можете дел од зеленчуците само да ги исецкате, за да има повеќе текстура во супата.