Домашна гранола за есенските денови

Гранолата е одлична за појадок,  а домашно подготвената гранола е најздравата опција.

За да ги избегнете скриените шеќери и високите цени, а и да изберете вкус кој највеќе ви одговара, препорачуваме дома да ја подготвите самите.

Потребни состојки:

4 шолји овесни снегулки

1 шолја мелени јаткасти плодови, по желба

1 мала лажица цимет

1 шолја сецкано суво овошје (брусница, урма, кајсии,суво грозје), исто така по желба

1 шолја кокосово брашно

2 лажици стопено кокосово масло или путер

3 лажици мед или агаве сируп

Вклучете ја рерната на 150 степени. Обложете ја тавата за печење со хартија. Во меѓувреме, во сад измешајте ги сите состојки за да се соединат и ставете ги на хартијата за печење. Израмнете ја смесата и ставете во рерна.

Печете околу 30 минути. Штом почне да добива златеста боја, тоа значи дека гранолата е готова.

Спакувајте ја во тегла, а потоа можете да ја јадете наутро со млеко или јогурт.